Според прогнозата на Дојче-банк, руската економија во 2014 година ќе започне да излегува од стагнацијата, пренесува агенцијата РИА Новости, повикувајќи се на главниот економист од претставништвото на Дојче-банк во Русија, Јарослав Лисоволик.
Според процените на експертите од оваа банка, рускиот БДП годинава ќе порасне за 2%, а догодина за 3,3%. Ваквото сценарио е возможно доколку се поправи економската ситуација во светот и доколку властите успеат во пракса да ги спроведат планираните мерки од својата економска политика - намалување на инфлацијата, замрзнување на цените во енергетскиот сектор и поддршка во намалување на каматните стапки.
За Русија од пресудно значење ќе биде и економската ситуација во Европа и Кина, нагласува економистот од Дојче-банк.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче