Три нови ГЛОНАСС сателити се планирани за лансирање во 2014 година

Три нови лансирања на вселенски апарати од глобалниот навигациски систем ГЛОНАСС се планирани за 2014 година, изјави Александар Головко, командант на ВВК во интервју за РИА Новости.

Три нови лансирања на вселенски апарати од глобалниот навигациски систем ГЛОНАСС се планирани за 2014 година, изјави Александар Головко, командант на ВВК во интервју за РИА Новости.

Командантот појасни дека во 2013 година за поддршка и развој на орбиталната група вселенски апарати од системот ГЛОНАСС биле планирани три лансирања на вселенски апарати „Глонасс-М“. Овие три апарати досега требаше да бидат на своите места во орбитата, но проектот беше закочен поради неуспешниот старт на ракетата „Протон-М“ во јули.

„Затоа во 2014 година се планира повторно лансирање на три нови вселенски апарати“, изјави Головко.

Според зборовите на Головко, рускиот систем ГЛОНАСС содржи 120 космички апарати со активна апаратура. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња