Пет нови заенитно-ракетни системи С-500 ќе бидат купени за војските на Воздушно-вселенската одбрана на Русија во рамките на постојната програма за набавки и вооружување до 2020 година, изјави Александар Головко, командант на ВВО.
Претходно беше соопштено дека перспективните зенитно-ракетни системи С-500 ќе бидат испорачани во Армијата дури во 2017 година.
„Во рамките на државната програма за вооружување планирано е купување на пет комплети од зенитно-ракетниот систем С-500“, изјави Головко.
С-500 припаѓа на новото поколение зенитно-ракетни системи „земја-воздух“. Тоа е универзален комплекс со голем радиус на дејство и зголемен потенцијал за противракетна одбрана.
Овој систем е способен да уништува не само балистички, туку и аеродинамични цели (авиони, хеликоптери и други воздушни цели), а исто така и крилести ракети.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче