Повеќето граѓани на Русија (55%) не ја поддржуваат идејата за забрана на американската валута на територијата на Русија, сведочат податоците од анкетата извршена од Левада-центар.
Притоа, 26% позитивно реагираат на оваа идеја, предложена од пратеникот на Либернално-демократската партија на Русија, Михаил Дегтјарев. Според предлог-законот, банките треба да ги продадат сите резерви на долари и да купат рубљи или евра според минатогодишниот курс. Купувањето и продавањето на доларите, според планот на Дегтјарев, ќе биде возможна само во електронска форма.
Што се однесува до личните штедни влогови на граѓаните, бројот на Руси кои имаат било какви влогови во последните 20 години се зголеи од 18 на 30%. Најголем дел од граѓаните на Русија ги чуваат своите пари во рубљи (89%). Само 2% од Русите ги чуваат своите пари во долари, а 1% - во евра.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче