Фестивалот „Олонецките Игри на Дедо Мраз – 2013“, кој се одржува секоја година во Карелија, Русија, годинава ќе се одржи од 29 ноември до 1 декември, пренесува регионалното министерство за младина, физичка култура и спорт.
„Дедо Мразовците ќе дојдат во Олонец за да земат учество во необични натпреварувања, ќе блеснат со својата умешност да го изберат најумешниот зимски волшебник пред божиќните и новогодишните празници“, се кажува во соопштението.
Гостите ќе бидат пречекани од рускиот Дедо Мраз од Велики Устјуг.
Во рамките на фестивалот на 1 декември на стадионот во градот Олонец ќе се одржат натпревари по зимски фудбал, во кои екипата на Дедо Мразовците ќе игра против членовите на владата на Карелија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче