Дваесет и две меѓуконтинентални балистички ракети ќе добијат Ракетните војски на Русија во текот на следната година, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин.
„Во текот на оваа година два ракетни полка ќе бидат опремени со нови, мобилни комплекси, а во текот на идната година се планира пополнување на арсеналите на Ракетните војски со уште 22 меѓуконтинентални балистички ракети“, изјави Путин.
„Ние планираме и во иднина да го развиваме јадрото на стратешките нуклеарни сили. Притоа, тие треба да бидат не само моќни, но и современи од гледна точка на можностите за избегнување на било кои системи за противракетна одбрана, како сега, така и во иднина“, додаде претседателот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче