Русите не штедат додека се на патување во странство. Минатата година тие потрошиле речиси 43 милијарди долари, што е за 37% повеќе отколку во 2011 година, пресмета Hotels.com. Туристите од Русија не штедат пари за шопинг и за ресторани, но за разлика од жителите на Кина, штедат на музеи.
Политичката стабилност и растот на благосостојбата во Русија дозволуваат граѓаните на оваа земја да трошат повеќе пари за време на патувањата во странство. Ова е заклучокот на истражувањето на Russian International Travel Monitor, објавено на Hotels.com. Според пресметките на Hotels.com, во 2012 година Русите потрошиле во странство 43 милијарди долари, што е за 37% повеќе, отколку во 2011 година. Пред осум години, односно во 2005 година, Русите биле уште поскромни - тогаш потрошиле 21 милијарда долари.
Русија и понатаму останува меѓу петте држави во светот, чии граѓани трошат доста средства за време на своите патувања, констатира Hotels.com. Лидира на списокот Кина, чии туристи трошат најмногу. После Кина следуваат Германија, САД и Велика Британија. „Но за една или две години Русија ќе престигне некоја од тие држави“, се надева директорот за маркетинг во Hotels.com, Најџел Поклингтон. Потенцијал за раст на туризмот тој гледа во намалувањето на цените на авиобилетите и олеснувањето на визниот режим за Русија. Русија и така е држава во која граѓаните имаат најмногу неработни денови во годината, така што потенцијалот за понатамошен раст е огромен.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче