Против поранешниот министер за одбрана е подигната кривична пријава

Истражниот комитет подигна кривична пријава против поранешниот министер за одбрана на Русија, Анатолиј Сердјуков, пренесува РИА Новости.

Истражниот комитет подигна кривична пријава против поранешниот министер за одбрана на Русија, Анатолиј Сердјуков, пренесува РИА Новости.

Истражниот комитет нашол основа за кривичната пријава поради немарност и поради фактот дека војници граделе пат до излетничката населба во Астрахањската област, за кој се издвоени 56 милиони рубљи од буџетот.

Според зборовите на официјалниот претставник на Истражниот комитет, Владимир Маркин, работата околу уредувањето на населбата ја извршиле војници за време на отслужувањето на својот воен рок во воздухопловната единица, а патот го градел железнички баталјон.

„Значи, наместо да ја извршуваат воената служба, некои војници се занимавале со пресадување на тополи, а некои со изградба на пат, и тоа не железнички, туку за автомобилски сообраќај. На крајот изградениот пат можеле да го користат само сопствениците и гостите на приватниот објект „Житно“, нагласи Маркин.

Според подигнатата кривична пријава, на Сердјуков сега му се заканува парична казна, принудна работа или лишување од слобода до три месеца. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.