Продажбите на конзолата за игри PlayStation 4 започнаа денес во Русија. Цената на конзолата во Русија изнесува 26.000 денари. Главен конкурент на PlayStation 4 е конзолата Xbox One од Microsoft, која ќе се појави во Русија во јануари следната година.
Денес започнува продажбата на PlayStation 4 и во другите делови во Европа и Латинска Америка.
Во САД PlayStation 4 се продава од 15 ноември по цена од 399 долари. Почетокот на продажбите за оваа конзола беше и повеќе од успешен. За 24 часа од почетокот на продажбите продадени се повеќе од 1 милион конзоли.
Новата верзија има процесор со осум јадра од AMD, графички процесор Radeon, 8 гигабајти оперативна меморија, како и тврд диск со големина од 500 гигабајти.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче