Министерството за одбрана на Русија е подготвено во рамките на партнерството меѓу државниот и приватниот сектор да ги отстапува аеродромите на бизнисот и приватните превозници, изјави раководителот на одделот за имотни односи, Дмитриј Куракин.
Тој појасни дека некои воени аеродроми се „заеднички“, односно ги користат и Армијата, и Министерството за вонредни состојби и малата авијација, но и спасувачките служби и цивилните превозници.
„Што сакаме од бизнисот? Максимално доопремување на аеродромите, целосно обезбедување на безбедноста на летовите. Ние сме подготвени да ги дадеме пистите и аеродромската инфраструктура на приватните превозници“, изјави Куракин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче