Конференција во Москва: Новата уставна Русија

На 17 декември 2013 година во Москва ќе се одржи меѓународна конференција „Новата уставна Русија“. Организатор на конференцијата е Претседателскиот центар Б. Н. Елцин.

На 17 декември 2013 година во Москва ќе се одржи меѓународна конференција „Новата уставна Русија“. Организатор на конференцијата е Претседателскиот центар Б. Н. Елцин.

Конференцијата е посветена на 20-годишнината од донесувањето на Уставот на Русија и 20-годишнината од постоењето на Федералното Собрание – Парламентот на Руската Федерација. На конференцијата ќе земат учество водечките политички и општествени дејци, историчари, социолози и претприемачи.

Задача на конференцијата е осмислување на историското наследство на првиот Претседател на Русија, Борис Елцин, осознавање на сушноста и смислата на стратешкиот избор, направен на 12 декември 1993 година.

За време на конференцијата планирани се следниве панел-состаноци и дискусии: „Новата уставна Русија: морално-духовни вредности – квалитет на власта – стратегии за развој – консензуални пракси“; „Стратегија за развој на рускиот парламентаризам: уставни вредности – квалитет на власта – квалитет на живот“ и „Рускиот конституционализам во контекст на развојот на политичкиот режим, граѓанското општество и правната култура“.

Конференцијата ќе се одржи во Москва во хотелот „Президент-Отел“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.