Балканскиот композитор и музичар Горан Бреговиќ на сцената на клубот „Космонаут“ во Санкт Петербург ќе го претстави својот последен албум Champagne for Gypsies.
„Маестро Бреговиќ во рамките на својата тура ќе настапи во Санкт Петербург, каде на публиката ќе ѝ го претстави својот нов материјал и ќе ги исполни своите најдобри композиции“, изјавија организаторите на настанот.
Во 2012 година култниот српски композитор со својот Wedding and Funeral Band ја заврши работата над вториот дел од албумот Alkohol. Овој албум понатаму доби име Champagne for Gypsies. Албумот бил снимен во белградското студио на Бреговиќ, каде, како што самиот кажува, шампањското течело како река и му давал на целиот процес на снимање посебен ритам.
На повеќето Бреговиќ им е познат како автор на музика за филмовите на Емир Кустурица. Во својата музика тој употребува елементи на рокенрол и елементи на српски фолклор, помешани со традициите на циганската музика. Во неговиот оркестар има Срби, Хрвати, Бугари и Македонци.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче