Сите држави кои потпишале со ЕУ договор за асоцијација економски добиле од тоа, изјави комесарот на ЕУ за прашања за проширување и политика на соседство, Штефан Филе, во интервју за украинскиот весник „Денес“.
Минатата недела владата на Украина реши да прекине со подготовката на Украина за потпишување на договорот за асоцијација со ЕУ, кое се планираше на самитот на „Источно партнерство“ на 29 ноември. Кабинетот на министри го објаснува тоа со забележителното намалување на трговијата со своите основни партнери - Русија и ЗНД, тешката економска ситуација во земјата, како и издршките кои Киев треба да ги преземе после склучувањето на договорот за асоцијација.
Според зборовите на еврокомесарот, сите држави во Европа кои го потпишале договорот за асоцијација со ЕУ во почетокот на 90-те години, добиле раст на средниот БДП по глава на жител за 57%, инвестициите пораснале за 61%, а извозот - за 65%.
„Погледнете го вашиот сосед Полска. Во1990 година полскиот и украинскиот БДП по глава на жител беа речиси исти. Веќе во 1995 година БДП по глава на жител во Полска веќе беше поголем за четири пати од украинскиот“, изјави Филе.
Филе исто така е изненаден од цифрата од 160 милијарди евра, со која украинската влада излегува во јавноста. Според владата на Украина, толку средства ќе бидат потребни како адаптациски издршки при воведувањето на техничките стандарди на ЕУ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче