Арктикот – регион за развој и соработка

На 2 и 3 декември во Москва ќе се одржи меѓународна конференција во организација на Рускиот совет за меѓународни работи во соработка со Институтот за светска економија и меѓународни односи при РАН. Конференцијата ќе се одржи на тема: „Актикот: регион за развој и соработка“.

На 2 и 3 декември во Москва ќе се одржи меѓународна конференција во организација на Рускиот совет за меѓународни работи во соработка со Институтот за светска економија и меѓународни односи при РАН. Конференцијата ќе се одржи на тема: „Актикот: регион за развој и соработка“.

Конференцијата се одржува во рамките на долгорочен проект, организиран од страна на Рускиот совет за меѓународни работи „Картата на меѓународната соработка во Арктикот“. Целта на овој проект е да се помогне во реализацијата на стратегијата за освојување на рускиот Арктик и зачувување на неговата животна средина врз основа на меѓународна соработка.

Основната задача на конференцијата е да се создаде постојан форум кој ќе им овозможи на претставниците од експертската заедница, соработниците во заинтересираните министерства да го систематизираат насобраното искуство од меѓународната соработка во Акртичкиот регион, со цел да се создадат предлози насочени кон ефективен развој на Арктикот и соодветно искористување на неговите ресурси.

Настанот ќе се одржи како пленарно заседание со тематски секции, посветени на клучните правци на соработката меѓу државите во Арктикот.

Во конференцијата ќе земат учество претставници од соодветните министерства, претставници од академската заедница и бизнис-структурите, експерти од различни делови на светот кои се интересираат со проблемите на Арктичкиот регион.

Работни јазици на конференцијата ќе бидат рускиот и англискиот.

Место проведения: Москва, Новинский бул., 8, стр. 2, Lotte Hotel

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.