Управата на Барака Обама и Конгресот на САД сметаат дека Русија го прекршила Договорот за уништување на ракети од среден и мал радиус на дејство, потпишан во 1988 година. Воедно, вашингтонскиот весник "The Daily Beast" пишува дека американските владини експерти сметаат дека Русија, под маса дека создаваат меѓуконтинентални балистички ракети, произведуваат ракети со среден радиус, забранети според договорот. Да потсетиме дека пред 25 години Роналд Реган и Михаил Горбачов го потпишаа во Белата куќа овој договор.
Според овој временски неограничен договор, страните се обврзаа дека нема да произведуваат и развиваат балистички ракети со радиус на дејство од 500 до 5.500 километри, пишува ИТАР-ТАСС.
Руската страна негира дека го прекршила договорот, но истовремено дава до знаење дека би можела да прекине да го почитува. Да потсетиме дека Сергеј Иванов, шеф на управата во Кремљ, изјави дека овој договор е според и дека нема да може во овој вид вечно да трае.
„Тоа, во најмала рака, е спорна одлука. Ни претходно не ми беше јасно поради што овој договор беше потпишан. На Американците воопшто не им треба вакво оружје, ниту претходно не им требало. Тие можат да користат такво оружје единствено во војна со Мексико или Канада, радиусот на дејство не е доволен за да ја опфати Европа. Зошто секој може да има вакво оружје, а САД и Русија не?“, изјави Сергеј Иванов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче