Во Државната Дума во Русија ја поддржуваат идејата да му се даде на рускиот јазик статус на официјален јазик во Европската унија.
Во четвртокот во Думата се одржа состанок на тема „Државната јазична политика на Русија: состојба и перспективи“.
„Дмитриј Рогозин предложи навистина добар проект. Тој истапи со инцијатива за давање официјален статус на рускиот јазик во Европската унија“, изјави Алексеј Журављов, пратеник во Думата.
„Ние денес можеме да го направиме тоа, бидејќи од 1 април 2012 година стапија во сила поправки во законите, со кои граѓаните на ЕУ можат да официјализираат било кој јазик во Европската унија. За тоа треба да се соберат само милион потписи“, додаде парламентарецот.
Тој забележа дека постојат организации како Россотрудничество, кои без проблем би можеле да го соберат тој брод потписи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче