Пушков: ЕУ го политизира прашањето околу договорот со Украина

Шефот на меѓународниот комитет при Државната Дума, Алексеј Пушков, смета дека Брисел не може да се помири со тоа што Украина се оддалечува од ЕУ, и затоа го политизира прашањето околу договорот за асоцијација со ЕУ.

Минатиот четврток владата на Украина објави дека ја прекинува подготовката за потпишување на договорот за асоцијација со ЕУ, кое беше планирано на самитот „Источно партнерство“ во Вилнус на 28-29 ноември. Во ЕУ се разочарани од тоа решение. Киев предлага да се извршат трилатерални преговори меѓу Украина, ЕУ и Русија до самото потпишување на договорот.

Некои претставници на ЕУ изјавуваат дека преговорите треба да се одржат без учество на Русија.

Не Русија, ами ЕУ е против трилатералните преговори. Во ЕУ не можат да се смират од тоа што украинската „голема риба“ ќе отпива од “европската бара“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња