Осум нови стратешки нуклеарни подморници во руската морнарица до 2020 година

До 2020 година во вооружувањето на Воено-морската флота на Руската Федерација ќе се најдат 8 нови стратешки подморници, опремени со најновите системи за вооружување, изјави претседателот Путин за време на состанокот посветен на нуклеарните подморнички сили на Морнарицата.

„Во јануари во вооружувањето на Морнарицата веќе се појави новиот стратешки ракетоносец ’Јуриј Долгоруки’. Следната година ќе бидат вклучени две нови подморници, ’Александар Невски’ и ’Владимир Мономах’. А до 2020 година - до 8 нуклеарни подморници“, изјави Путин.

Шефот на државата напомна дека е неопходно да се почитуваат роковите на производство на подморниците и вооружувањето за нив. освен тоа, тој укажа на потребата за развој на крајбрежната инфраструктура. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња