Бројот на Руси кои сметаат дека животот во државата може да биде организиран и без Државната Дума порасна до 43% за две години, а во 2011 година само 32% го мислеле истото, зборуваат резултатите од анкетата извршена од Левада-центар.
Притоа, 39% од Русите сметаат дека животот во државата без пратениците е невозможен, во споредба со 47% во 2011 година.
Вниманието кон работата на пратениците во Русија ослаби. Во 2013 година само 41% од анкетираните изјавиле дека ги интересира нивната дејност. Во 2011 година тој број изнесува 52%.
Дури половина од жителите на Русија воопшто не знаат какви се политичките цели и претпочитања на пратениците во Русија, наспрема 36% во 2011.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче