Цел на трилатералните преговори со учество на Русија ќе биде потпишување на договор меѓу Украина и ЕУ со подобри услови, изјави украинскиот премиер Николај Азаров.
„Цел на трилатералните преговори е намалување или елиминирање на недоразбирањата и потпишување на договор со Европската унија за асоцијација, за зона за слободна трговија со подобри услови за Украина“, изјави Азаров во средата за време на состанокот со владата.
Според неговите зборови, во текот на трилатералните преговори Украина планира да ги оформи контурите на економската соработка со Русија и да се договори за конкретна финансиска помош од ЕУ во транзицискиот период после потпишувањето на договорот за асоцијација.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче