Три авиони наменети за тренирање „Јак-130“ наскоро ќе пристигнат во авиобазата „Борис Глеб“ во Русија, изјави Игор Климов, полковник во Воено-воздушните сили.
„Пилотите и помошната екипа од базата заминаа во фабриката „Иркут“ за да ги донесат авионите Јак-130, наменети за тренирање на идните пилоти“, изјави Климов. Тој појасни дека пилотите ќе ги проверат сите системи и механизми на авионите, техничката документација, како и тоа дека ќе извршат пробен лет.
Во моментов во авиобазата имаме 39 авиони Јак-130.
Јак-130 е двосед на млазен погон, наменет за тренирање на пилоти кои ќе управуваат со авионите од повисоките генерации.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче