Федералната агенција за надзор на образованието во Русија после детални проверки реши да ги одземе лиценците за работа на 69 универзитети, пренесено е на интернет-страницата на службата.
„Меѓу нив се - Институтот за социјално-економски развој, Ставрополскиот финансиско-економски институт, Меѓународната образовна академија, филијали на Современата академија за хуманитарни науки“, се појаснува во соопштението. Освен тоа, поради низа нарушувања е одземена и лиценцата на Институт за руски театар.
Претходно (од 1 септември годинава) од регистарот беа одземени лиценците на 17 филијали на државни универзитети, 6 приватни универзитети и 44 филијали на приватни образовни установи за високо професионално образование.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче