Само половина од ХИВ инфицираните во Москва се жители на главниот град

Околу 58% од ХИВ инфицираните во Москва се жители на главниот град, изјави за новинарите Алексеј Мазус, специјалист за проблемите околу дијагностицирањето и лечењето на ХИВ инфекцијата.

Околу 58% од ХИВ инфицираните во Москва се жители на главниот град, изјави за новинарите Алексеј Мазус, специјалист за проблемите околу дијагностицирањето и лечењето на ХИВ инфекцијата.

„На територијата на градот Москва има откриено вкупно 76.000 болни, притоа 58% од нив се жители на Москва, а останатите се гости од другите региони или странци“, изјави Мазус.

Според неговите зборови, 29,5% од заболените се жители на други региони на Русија, 8% се странци, а 4,5% се жители без место на живеење.

Специјалистот додаде дека нивото на раширеност на инфекцијата се разликува од населба во населба во Москва, како и дека Москва е еден од градовите-лидери според достапноста на медицинска помош за носителите на ХИВ вирусот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња