Постојниот црковен превод на Библијата е далечен од современиот руски јазик и создава дополнителна преграда меѓу човекот и Светото Писмо. Затоа потребно е сериозно да се размисли за создавање на нов превод, смета шефот на Одделот за надворешни црковсни врски, митрополитот Иларион.
Синодалниот превод на Библијата се појави и бил одобрен од Светиот Синод во 1876 година.
„Очигледно е дека јазичните и стилистичките проблеми на Синодалниот превод сѐ повеќе стануваат препрека за луѓето да ја сфатат смислата и убавината на библискиот текст“, забележа митрополитот Иларион.
Според неговите зборови, новите преводи на БИблијата сведочат за тоа „колку е актуелна задачата за подготовка на новиот црковен превод на Писмото“. “За тоа сведочи големиот број луѓе кои претпочитаат да се запознаат со Писанието не од Синодалниот превод, од прераскажувањето како она во ’Детската Библија’“, додаде митрополитот.
Тој подвлече дека не станува збор „за некакво упростување на библискиот текст“. „Образованите читатели нема да им простат на преведувачите никакви научни грешки, ниту јазични грешки. Преводот треба да биде направен од професионалци заедно со признати лектори и литерати“, убеден е претставникот на РПЦ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче