Федералната служба за миграција секој ден спречува околу 3.000 странци да влезат во државата, изјави Дмитриј Демиденко, претставник на ФМС.
Неодамна стапи во сила закон, според кој влезот во Русија им се забранува на граѓаните кои го надминале законскиот рок на престој во Русија.
Странците можат да се наоѓаат во Русија до 90 дена, а ако во следните 30 дена тие не заминат, тогаш влезот во Русија им се забранува во рок од три години.
„Секој ден по 3.000 странци се одбивани поради ова. Од почетокот на годината дури 285.000 странци го изгубија правото да влезат во Русија во рок од три години“, изјави Демиденко.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче