Континенталната хокејарска лига одлучи да го казни Хокејарскиот клуб „Динамо“ од Рига заради тоа што во програмата пред почетокот на натпревар од официјалниот дел на првенството, го прикажа нацистичкиот симбол, пренесува „Известија“.
„Континенталната хокејарска лига и нејзините навивачи сметаат дека е недопустливо користењето на било какви симболички форми на нацистички знакови и обележја, како и форми кои потсетуваат на нив. ХК `Динамо` од Рига, заради грубо кршење на Техничко правило и нарушување на принципот за вземно почитување, ќе плати казна од милион рубљи“, се наведува во соопштението на Континенталната хокејарска лига.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче