Четири милиони ХИВ тестови во Москва до крајот на годината

Околу 4 милиони ХИВ тестови се планира да се извршат во Москва до крајот на оваа година, изјави за новинарите главниот специјалист за проблеми и дијагностицирање на ХИВ, Алексеј Мазус.

Околу 4 милиони ХИВ тестови се планира да се извршат во Москва до крајот на оваа година, изјави за новинарите главниот специјалист за проблеми и дијагностицирање на ХИВ, Алексеј Мазус.

„Ќе имаме рекорд по бројот на направени ХИВ тестови - околу 4 милиони ХИВ тестови ќе направиме до крајот на оваа година. Тоа е еден од највисоките нивоа на дијагностицирање на оваа инфекција“, изјави Мазус.

Според неговите зборови, тестирањето ќе може да се изврши во кабинетите за заштита од ХИВ инфекцијата кои постојат во секоја населба во главниот град на Русија.

Тој додаде дека на Светскиот ден за борба против СИДА-та (1 декември), се планира одржување на градска акција за профилактика од оваа болест.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња