77% од хемиското оружје на Русија е уништено

Русија заклучно со денешниот ден има уништено околу 77% од своето хемиско оружје, изјави претседателот на комисијата за хемиско разоружување, Михаил Бабич.

Русија заклучно со денешниот ден има уништено околу 77% од своето хемиско оружје, изјави претседателот на комисијата за хемиско разоружување, Михаил Бабич.

Според договорите, сето хемиско оружје во светот требаше да биде уништено до 2012 година, но поради тоа што Русија и САД не успеваат да постигнат во тоа, роковите се продолжени до 31 декември 2015 година. Во Русија се активирани дури шест места каде се уништува хемиското оружје.

„Ни останува уште една година активна работа, и на територијата на Русија ќе биде уништено 100% од хемиското оружје. Таа работа се извршува не само во рамките на преземените меѓународни обврски - тоа го правиме и заради безбедноста на нашиот народ“, изјави Бабич. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.