Ракетата-носач „Сојуз-У“ со вселенскиот брод “Прогрес М-21М“ беше лансирана од космодромот Бајконур кон Меѓународната вселенска станица, изјави за РИА Новости претставник на Центарот за управување со летови (ЦУП).
„Лансирањето е извршено во 22:52 по македонско време на 25 ноември. Одделувањето на вселенскиот брод од третиот степен се изврши после 10-на минути“, изјави соговорникот од агенцијата. Според неговите зборови, во летот на бродот кон станицата ќе бидат тестирани новите компоненти на системот за атерирање и спојување со станицата „Курс“.
„Прогрес М-21М“ ќе испорача на МВС околу 2,5 тона различни продукти - гориво, резервни делови, научни апарати, контејнери со грана и пратки за екипажот. Вкупната маса на товарот изнесува 2.398 килограми.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче