Првиот енергетски блок од Ленинградската нуклеарна централа е вклучен во енергетскиот систем на Русија, соопшти претставник на Росатом.
„Активирањето на блокот помина нормално, а добиените резултати кажуваат за нормална работа на сите системи. Во текот на следните денови моќноста на реакторот ќе биде зголемена до дозволеното ниво“, изјави претставникот од Росатом.
Реакторот беше исклучен на 6 мај 2013 заради ремонт на графитните блокови.
Ленинградската нуклеарна централа се наоѓа на 80 километри оддалеченост од Санкт петербург на брегот на Финскиот залив. Ленинградската нуклеарна централа е првата таква централа во Русија која користи реактори РБМК-1000 (ураниумско-графитни нуклеарни реактори од канален вид). Нуклеарната централа користи четири вакви реактори, секој со моќност од по 1000 мегават часови.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче