Премиерот на Словенија ќе ја посети Русија во декември

Премиерот на Словенија, Аленка Братушек, ќе ја посети Русија на 10 декември, изјави претседателот на парламентот на Словенија, Јанко Вебер за време на средбата со спикерот на Државната Дума на Русија, Сергеј Наришкин.

„На десетти декември ја очекуваме посетата на премиерот на Словенија, Аленка Братушек во Русија. Во рамките на посетата ќе бидат потпишани договори кои појасно ќе го трасираат правецот на развој на нашите односи“, изјави Вебер, забележувајќи дека иако големината на Русија и Словенија воопшто не може да се споредува, двете држави ги градат своите односи како еднакви партнери со високо ниво на заемна почит.

„Ние сме задоволни со високото ниво на руско-словенските односи. Важно е тоа што немаме никакви несогласувања, немаме нерешени прашања и односите ни се градат врз принципите на рамноправноста, заемната почит и дружба“, изјави Наришкин, забележувајќи дека претседателот на парламентот на Словенија ја посети за прв пат Русија пред 10 години. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња