ЛАДА Гранта ќе се произведува во Египет?

Египетската компанија „Ал-Амал“ изрази желба да го произведува автомобилот ЛАДА Гранта во оваа африканска земја, изјави за РИА Новости раководителот на прес-службата на „АвтоВАЗ“, Александар Шмигов.

Египетската компанија „Ал-Амал“ изрази желба да го произведува автомобилот ЛАДА Гранта во оваа африканска земја, изјави за РИА Новости раководителот на прес-службата на „АвтоВАЗ“, Александар Шмигов.

„Компанијата ’Ал-Амал’ контактираше со ’АвтоВАЗ’, барајќи производство на ЛАДА Гранта во Египет. Во моментов се разгледува нивниот предлог“, изјави Шмигов.

Претходни модели на ЛАДА веќе биле произведувани од 2002 до мај 2013 година. Потоа производството беше прекинато поради тоа што фабриката во Русија прекина со испорака на делови за веќе застарените модели. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.