Русија планира да даде кредит на Јужноафриканската република, наменет за изградба на нуклеарна централа во таа земја. Планирано е финансирање до 85% од вредноста на нуклеарната централа, изјави шефот на Росатом, Сергеј Кириенко.
„При изградбата на нуклеарната централа во ЈАР ќе се користи извозно кредитирање. Во овој случај, ЈАР е држава со добри финансиски рејтинзи и нема посебни ризици овде. Јасно е дека станува збор за договор за изградба на реактори, финансирани со кредит од руската страна. Стандардно, Министерството за финансии доделува такви кредити од 70 до 85% од вредноста на проектот, а останатите средства ги обезбедува самата држава. Но за вредноста на проектот сѐ уште е рано да се зборува“, изјави Кириенко.
Зборувајќи за вредноста на изградбата на нуклеарна централа во ЈАР, Кириенко спомна дека денес во светот реактор со моќност од 1 до 1,2 гигавати чини околу 5 милијарди долари. „Но ако се зборува за 9,6 гигавати (плановите на ЈАР), тогаш проектот ќе лини од 40 до 50 милијарди долари“, изјави Кириенко.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче