Украинскиот премиер: ЕУ ѝ вети на Украина финансиска помош само на зборови

Европската унија во процесот на преговорите со Киев за планираната асоцијација постојано го избегнуваше прашањето за доделување на Украина на кредит во висина од една милијарда евра, изјави украинскиот премиер Николај Азаров во неделата во интервју за рускиот Прв канал.

„Ние повеќепати предлагавме Европската унија да вклучи во документот и точка за давање кредит на Украина во висина од 1.000.000.000 евра. Но нам секогаш ни даваа само усни ветувања“, изјави шефот на украинската влада.

Според неговите зборови, Киев пресметал дека само прилагодувањето на техничките правила и барања кон оние на Европската унија ќе ја чини Украина 165 милијарди евра во текот на следните десетина години.

„Има и други фактори кои не одат во наша полза. Затоа Украина донесе решение да го одложи потпишувањето на договорот со Европската унија. Освен преговорите со ЕУ, владата на Украина изврши средби со индустријалци и бизнисмени. Многумина од нив кажуваат дека Украина веќе го губи извозот во Русија, а тоа во иднина уште повеќе ќе се рефлектира на економската ситуација во државата“, додаде Азаров.

Владата на Украина во четвртокот реши да ги прекине преговорите со ЕУ за склучување на договорот за асоцијација, мотивирана од неопходноста за развој на економските односи со Русија и ЗНД. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња