Русија нема да реагира на одлуката на Меѓународниот суд при ООН за поморско право околу обврската за пуштање на слобода на активистите од „Гринпис“. Ова за новинарите го изјави шефот на кабинетот на претседателот на Русија, Сергеј Иванов.
„Ние не планираме да учествуваме во тој процес“, изјави Иванов и напомна дека Русија ја ратификуваше конвенцијата за овластувањето на судот со клаузули кои не дозволуваат мешање во тој процес.
„Ова прашање ќе се решава на ниво на правото, а не на политиката, и тоа врз основа на руските закони, а не на нечии политички желби“, изјави шефот на кабинетот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче