Николиќ со надеж дека „Јужен тек“ ќе биде локомотивата на развојот на Србија

Србија со изградбата на гасоводот „Јужен тек“ на својата територија се надева на економски раст и зацврстување на меѓународниот авторитет, изјави во Белград претседателот на Србија, Томислав Николиќ.

Србија со изградбата на гасоводот „Јужен тек“ на својата територија се надева на економски раст и зацврстување на меѓународниот авторитет, изјави во Белград претседателот на Србија, Томислав Николиќ.

Во неделата тој зеде учество во церемонијата на почетокот на изградбата на гасоводот „Јужен тек“ во Србија.

„Изградбата на гасоводот, освен енергетската безбедност, ќе покаже дека Србија е држава во која може да се инвестира, и каде има работници кои се способни за извршување на капитални проекти“, изјави Николиќ.

Тој забележа дека „Јужен тек“ е симбол на прогресот, врска меѓу државите и народите, посебно нагласувајќи ги врските кои постојат меѓу Србија и Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.