Медиуми: Русија го прислушувала телефонот на Ангела Меркел

Мобилниот телефон на германската канцеларка Ангела Меркел не бил прислушуван само од американските, туку и од руските специјални служби, пренесува германскиот весник „Фокус“.

Мобилниот телефон на германската канцеларка Ангела Меркел не бил прислушуван само од американските, туку и од руските специјални служби, пренесува германскиот весник „Фокус“, повикувајќи се на органите за државна безбедност на Германија. Според податоците на весникот, телефонските разговори биле прислушувани од територијата на амбасадата на Руската Федерација во Берлин.

Германските специјални служби знаат за најмалку 120 руски разузнавачи кои во Германија работат како дипломати. Станува збор за соработници на разузнавачките служби на Руската Федерација, Главната разузнавачка служба и Федералната служба за безбедност, пренесува весникот „Фокус“.

Мобилниот телефон на Ангела Меркел бил прислушуван од најмалку пет држави. Освен САД и Русија, разговорите на германската канцеларка биле прислушувани уште од Велика Британија, Кина и Северна Кореја. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња