„Гаспром“ ќе го финансира делот на Србија и Бугарија за изградба на гасоводот „Јужен тек“, а враќањето на средствата ќе го компензира со средствата добиени за транзит на гасот, соопшти шефот на „Гаспром“, Алексеј Милер.
„Денес во рамките на свечената манифестација околу почетокот на изградбата на српската делница, беа потпишани документи за доделување кредит на српската страна, бидејќи сите копнени делови ги реализираат нашите заеднички претпријатија... соодветно, секоја страна носи врз себе одговорност да го финансира проектот во еднакви делови. Што се однесува до Бугарија и Србија, дојдено е до решение ние да ги финансираме нивните делови, а понатаму парите ќе се враќаат за сметка на транзитните приходи“, изјави Милер за телевизискиот канал „Русија 24“.
Шефот на „Гаспром“ смета дека кредитот е даден по услови кои се многу подобри од било кои на пазарот на кредити.
Русија и Србија во неделата објавија за почеток на изградбата на српскиот дел од гасоводот „Јужен тек“. Должината на гасоводот е 420 километри, а планирана е и изградба на дополнителни гранки од гасоводот кон Хрватска, Република Српска и Македонија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче