Меѓународниот суд за поморско право донесе одлука Русија да ги ослободи триесетте активисти на „Гринпис“ и бродот "Arctic Sunrise" и да им овозможи да ја напуштат територијата на земјата, пренесува РИА Новости.
Судот нареди на активистите да им се пружи можност Холандија да им плати кауција во висина од 3.600.000 евра. За оваа одлука гласаа 19 судии од вкупно 21 (против беа само претставниците на Русија и Украина). Русија и Холандија треба да поднесат на судот за преземените мерки до 2 декември.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче