Министерот за култура и спорт на Финска, Паво Аринмјаки, предложи во училиштата во Финска да се воведе учење на руската азбука, пренесуваат медиумите.
„Познавањето на руската азбука ќе помогне да се зголеми општото ниво на образование на учениците. Повеќепати сум бил во Русија и сум посветил внимание на тоа колку е полесно кога може да се чита на руски“, изјави Аринмјаки.
Според податоците на медиумите, финските власти неодамна издвоија 10 милиони евра за поддршка и развој на рускиот јазик и култура во Финска.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче