Денес започнува изградбата на гасоводот „Јужен тек“ во Србија

Изградбата на гасоводот „Јужен тек“, кој ќе биде повод за појава на нови десетици илјади работни места, инвестиции во вредност од милијарди долари - започнува денес во Србија.

Изградбата на гасоводот „Јужен тек“, кој ќе биде повод за појава на нови десетици илјади работни места, инвестиции во вредност од милијарди долари - започнува денес во Србија.

Првото заварување на цевките започнува во Ковиљ, на 80 километри од Белград. Официјални лица ќе бидат присутни на започнувањето на изградбата, кое ќе биде пренесувано и на телевизија.

Најавено е учество на претседателот на Србија, Томислав Николиќ, претседателот на владата, Ивица Далиќ, министерот за енергетика на Русија, Александар Новак, претседателот на „Гаспром“, Алексеј Милер и други официјални лица.

Должината на српскиот дел од „Јужен тек“ ќе изнесува околу 420 километри. „Цевката“ ќе влезе во Србија во реонот на Заечар кај границата со Бугарија.

Од магистралната линија ќе бидат изградени дополнителни „гранки“ кои ќе водат до Република Српска, Хрватска, како и до Македонија. Проектот предвидува изградба на две компресорски станици на српската територија. Изградбата на гасоводот во Србија ќе чини речиси 2 милијарди евра. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња