Стотици луѓе доаѓаат во Сочи со желба да работат за време на Олимпијадата

Сочи се претвори во серуски центар за вработување. За време на Олимпијадата во градот ќе бидат потребни илјадници работници. Се повикуваат луѓето од целата земја.

Сочи се претвори во серуски центар за вработување. За време на Олимпијадата во градот ќе бидат потребни илјадници работници. Се повикуваат луѓето од целата земја.

Работниците од услужната сфера се меѓу најбараните за време на Олимпијадата. Во центарот за вработување во Сочи секојдневно се обраќаат стотици кои сакаат да работат на Игрите. Работодавците дури се подготвени да ги платат и трошоците за превоз и сместување.

Три месеци пред почетокот на Олимпијадата, половина од „олимписките“ работни места сѐ уште се слободни. За да се пополни тој дефицит, во центарот за вработување одлучија да направат експеримент - во сите градови и населби во Краснодарскиот крај се одржани саеми за вработување. Луѓето можат да си ја поднесат својата биографија на лице место. На Олимпијадата најбарани се носачите и возачите. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња