Русија се искачи на листата Doing Business

Русија ја подобри својата позиција на рејтингот Doing Business, кој го составува Светската банка и Меѓународната финансиска корпорација, качувајќи се за 8 позиции до 56-то место, пренесува „Финмаркет“.

Русија ја подобри својата позиција на рејтингот Doing Business, кој го составува Светската банка и Меѓународната финансиска корпорација, качувајќи се за 8 позиции до 56-то место, пренесува „Финмаркет“. Успехот е поврзан со намалувањето на времето за трошење на подготовка на извештаите и намалувањето на бројот на давачки, се забележува во извештајот на Светската банка.

Притоа, според даночниот товар Русија останува доста ниско во списокот - дури 50,7% од приходите заминуваат на давачки. Во тој однос Русија го зазема 143-то место од 189.

Првото место во рејтингот го имаат Обединетите Арапски Емирати, а последното - Чад. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња