Москва го зазеде 38-то место од 50 во рејтингот на најдобри студентски градови во светот според "QS". Создавањето на привлечни студентски градови не е едноставна задача, тоа бара доста работа и решенија, истакнуваат составувачите на рејтингот.
Истражувањето, спроведено од меѓународната агенција "QS" по втор пат, ги одредува 50-те најдобри студентски градови во светот. Овој пат, како и во 2012, на чело на рејтингот е Париз. После него следат Лондон, Сингапур, Сиднеј, Мелбурн, Цирих, Хонг Конг, Бостон, Монтреал, Минхен. На последното место е Кјото во Јапонија.
„Студентите се целосно мобилни и сѐ почесто заминуваат да студираат во странство. Поради тоа нашата цел е да им помогнеме на студентите да ги прошират своите хоризонти, па затоа треба да им се предложат варијанти на кои порано тие можеби не посветувале внимание“, изјави авторите на истражувањето за РИА Новости.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче