Пунктови во кои ќе може да се собираат употребените батерии заради нивна понатамошна преработка се отворени во продавниците за електронски уреди во Москва и Челјабинск, пренесува агенцијата РИА Новости.
Сега граѓаните ќе можат во специјални контејнери да остават до 10 килограми батерии од секаков вид - од батерии за рачни часовници, па до алкални батерии и батерии за преносни компјутери.
Според зборовите на администраторот на непрофитабилната организација „Про отпад“, Марија Белорус, овој проект се разликува од претходните по тоа што батериите сега за прв пат ќе се преработуваат во Русија, а собирањето се врши имено за оваа цел.
Досега еколозите собираат батерии, но потоа ги чуваа во гаражи или ги фрлаа во депонии за опасен отпад.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче