Во Чувашија денес започнува Меѓународниот оперски фестивал

Во Чувашија денес се отвора Меѓународниот оперски фестивал „Максим Михајлов“, соопштува локалното министерство за култура.

Во Чувашија денес се отвора Меѓународниот оперски фестивал „Максим Михајлов“, соопштува локалното министерство за култура.

Фестивалот ќе се одржи во републичкиот театар на операта и балетот по 23 пат и ќе трае до 30 ноември.

„Програмата на фестивалот ќе се состои од најпознатите дела на Верди. Едно од нив е операта „Отело“, која треба да се одржи денес“, се кажува во соопштението.

Освен „Отело“, предвидено е да бидат прикажани „Риголето“, „Аида“, „Травијата“, а фестивалот ќе заврши со оперски гала-концерт на 30 ноември. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња