Се испитува рускиот лек против ХИВ

Во Русија се вршат клинички испитувања на рускиот препарат за лечење на ХИВ--инфекцијата, пренесува „Газета.Ру“.

Во Русија се вршат клинички испитувања на рускиот препарат за лечење на ХИВ--инфекцијата, пренесува „Газета.Ру“.

Ова го изјави Николај Савчук, член на советот на директори на Истражувачкиот институт „Химрар“, претседател на советот на директори во компанијата „Вириом“ и директор на Центарот за стратешки развој МФТИ.

Препаратот е создаден од компанијата „Вириом“ во соработка со МФТИ врз основа на молекули, добиени од меѓународната компанија „Рош“. Ова е првата зделка со учество на Big Pharma. Иновацискиот препарат со работно име VM-1500 го пречи во размножувањето на вирусот во клетките. Како резултат не неговото дејство, содржината на вирусните честички во организмот, според зборовите на Николај Савчук, се намалува практично до нула.

Создавачите на оваа средство кое сѐ уште нема комерцијално име, очекуваат до 2015 година да го регистрираат на рускиот пазар. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.