Постојниот модел на управување во космичката индустрија без реформи нема да овозможи ефективно да се користат механизмите за привлекување на приватни инвестиции, изјави заменикот-раководител на Роскосмос, Денис Лисков.
„Постоечкиот систем за управување во ракетно-космичката индустрија, која користи инструменти кои се туѓи на пазарното регулирање, не дозволува во моментов во соодветна мера да се искористат механизмите за привлекување на дополнително финансирање на производството“, изјави Лисков.
Според неговите зборови, речиси целосната зависност на некои претпријатија од државното финансирање во значаен степен го ограничува развојот на космичката индустрија.
„Ние имаме многу претпријатија кои практично се ’наркомани’ - т.е. целосно зависат од државниот буџет и поради тоа доста се ограничени кога доаѓаме до прашањето за понатамошен сопствен развој. Без реформи тие нема да можат да учествуваат во развојот“, констатираше Лисков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче