Министерството за образование на Русија ќе се обиде да развие кај учениците љубов кон читањето, како и да го задржи интересот за рускиот јазик, изјави во четвртокот директорот на одделот за информациска и регионална политика, Ана Усачева.
Претседателот на Русија, Владимир Путин, во четвртокот на Руското литературно собрание изјави дека е неопходно повторно да се разгледаат програмите за предавање на литература и руски јазик, особено во повишите одделенија, бидејќи на тие предмети им се посветува премалку внимание.
„Министерството за образование и наука ќе ги вложи сите сили за да го зачува и зголеми интересот на учениците за таквите основни дисциплини како што е рускиот јазик и литературата, а исто така и да ја развие љубовта за читањето книги како извор на знаење“, изјави Усачева.
Според нејзините зборови, во последниве 20 години програмите за руски јазик и литература воопшто не се промениле, а бројот на часови се намалил.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче