Во Државната Дума внесен е предлог-закон за забрана на авионите постари од 20 години

Група од петмина застапници од партијата „Единствена Русија“ внесе во Државната Дума предлог-закон за ограничување на максималната старост за користење на патничките авиони, известува „Интерфакс“.

Група од петмина застапници од партијата „Единствена Русија“ внесе во Државната Дума предлог-закон за ограничување на максималната старост за користење на патничките авиони, известува „Интерфакс“.

„Нема да се допушти користење на авиони кои се постари од 20 години за комерцијални летови“, стои во предлог-законот. Парламентарците очекуваат предлогот да стапи на сила во 2017 година.

Притоа, измените во законот не би требало да се однесуваат на државната и на експерименталната авијација, како ни за авионите во приватна сопственост.

Во објаснувањето за предлог-законот се кажува дека „исклучително големата старост на авионите“ е основната причина за честите авионски несреќи во Русија. Според информацијата на парламентарците, просечната старост на авионите во 2011 година изнесувала 21 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња